Oдличниот норвешки напаѓач, Ерлинг Халанд на почетокот на оваа година пристигна во Борусија Дортмунд од редовите на Салзбург.
Халанд после одличната полусезона во австрискиот клуб одлучи да ја промени средината и за 20 милиони евра се пресели во Борусија Дортмунд. Со германскиот клуб потпиша договор на четири години, но веќе некое време се шпекулира дека во редовите на „милионерите“ нема да се задржи уште долго.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Мадритски „АС“ објави дека неговиот агент Мино Раиола се договорил со управата на Борусија овој 20 годишник во летото 2022 година да си замине. На ова најмногу би се израдувал Реал Мадрид кој сигурно би бил еден од фаворитите да го доведе.
Имено, на Карим Бензема договорот му истекува токму летото 2022 година и Халанд би бил идеална замена за Французинот. Бензема тогаш ќе има 34 години и тешко дека може да се очекува Реал да смета сериозно на него.
Исто така во Реал наводно размислуваат да уплатат одредена сума на сметката на Борусија како аванс со цел да го обезбедат потписот на младиот напаѓач. Дортмунд сигурно добро ќе заработи, за него платија 20 милиони, а ако замине тоа веројатно нема да биде за сума помала од 100 милиони евра.