Контроверзниот менаџер Мино Раиола повторно ја разбранува фудбалска Италија со своите изјави.
Како што се приближува летниот преоден рок, така Раиола го припрема теренот за трансфер на своите пулени, а еден од нив е Марио Балотели, кој на лето ќе биде слободен играч.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Марио е подготвен да се врати, тој созреа и сега е еден од најдобрите десет напаѓачи во светот. Во Италија е број еден. Вреди 100 милиони евра, но по игра на случајот е бесплатен“.
„Веќе сум во преговори со неколку клубови во Англија и Италија. Зборував со Јуве, Рома, Наполи и Интер. Во Милан не, бидејќи таму е Мирабели, а јас не можам да зборувам со него, не сум на негово ниво“, истакна Раиола.
Контровернзиот менаџер потоа проговори за Донарума и истакна дека доколку се прашувал тој, би требало да го напушти Милан.
„Донарума направи избор и остана во Милан. Го почитувам тоа. Доколку ми рече дека сака да замине веднаш ќе почнам да работам бидејќи има важни понуди. Доколку зависеше од мене, Џиџо треба да си оди од Милан“, истакна Раиола кој е во конфлик со „росонерите“.