Дома Останати Авто Мото Раиконен директно до Ферари: Сакате да го пуштам Фетел?

Раиконен директно до Ферари: Сакате да го пуштам Фетел?

ferari

Кими Раиконен побарал од својата екипа јасно и гласно да кажат што сакаат во моментите додека зад него беше Себастијан Фетел.

„Ледениот Финец“ прв влезе во боксот од водечките возачи и потоа се најде пред Фетел кој во тој момент имаше свежи гуми.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Раиконен не му дозволуваше на својот колега да помине пред него и круг по круг ја држеше својата позиција, но изгледа тоа не бил планот на Ферари.

Додека Раиконен бил пред Фетел се вмешал Џок Клер

„Свесен си дека мораме да внимаваме на гумите на двата болида“, му кажал Клер на Раиконен.

„Вие двајца сте со различни стратегии, вашите стратегии се нешто поинакви, па би сакале да не го задржуваш Себ. Ти благодарам“.

Раиконен возвратил и се правел дека не разбира за што тимот зборува, на истата патека каде што сличен разговор пред осум години се одвиваше со Маса и Алоснсо  во главните улоги

„Изгуби колку што можеш помалку време, но направи го тоа каде што ќе можеш. Себ е способен да оди побрзо, но ги оштетува своите гуми. И ти исто мораш да внимаваш на нив“.

Следел директен одговор од Раиконен.

„Сакате да го пуштам? Само кажете ми“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Несреќа на рели трка во Хрватска: Возач удри директно во куќа покрај патеката 🎥

На рели трката од Светскиот шампионат во Хрватска на која победи Себастиен Оже се случи и …