Репрезентацијата на Романија испадна најголемиот трагичар во нашата група во квалификациите за Светското првенство.
Романците пред последните два натпревари беа во пол-позиција и потребни им беа две победи со Исланд и Лихтенштајн за да се пласираат во следната фаза. За наша среќа Исланд успеа да ги запре на нивни терен и да одигра 0:0, па ние со победата против истата селекција вчера го обезбедивме баражот, а Романците останаа со празни раце.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Селекторот на Романија, Мирел Радои откри дека плачел во соблекувалната кога дознал за победата на Македонија.
„Оваа прес-конференција за мене ќе биде последна како селектор на Романија. Не успеавме да бидеме втор и за мене работите се јасни. Нема да го продолжам договорот кој ми истекува на крајот на месецот. Воопшто не ми беше лесно, плачев во соблекувалната кога дознав за победата на Македонија“, изјави Радои по вчерашната победа на Романија со Лихтенштајн.