Дома Македонски спорт Мак фудбал Работнички ја засили одбраната со Нигериец

Работнички ја засили одбраната со Нигериец

Нигерискиот интернационалец Рашид Содик е најновото засилување за Работнички. Тој треба да претставува сериозно засилување за одбранбениот бедем во составот на Милан Илиевски.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Рашид Содик потпиша двегодишен договор со Работнички и од утре се вклучува во тренажниот процес на тимот.

„Чест ми е што ќе го носам дресот на Работнички. Кога пристигна понудата, воопшто не се двоумев. Добро знам какво е педигрето на овој клуб во македонскиот фудбал. Се надевам дека ќе дадам придонес во остварување на целите на клубот во наредниот период“, изјави Рашид Содик.

Тој добро ја знае состојбата во македонскиот фудбал, со оглед дека минатата сезона беше член на ФК Скопје, за кој одигра 16 натпревари или вкупно 2.227 минути и беше еден од најистакнатите поединци во тимот.

Рашид Содик кариерата ја почнал во нигерискиот клуб Ремо Старс, а за првпат во Европа пристигна во редовите на норвешкиот клуб Фремад Амагер. Има настапувано и за Аланија Владикавказ и за Виста Геленѕик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …