Дома Македонски спорт Мак фудбал Работнички ја засили одбраната со играч од Белорусија

Работнички ја засили одбраната со играч од Белорусија

Работнички доведе ново засилување од Белорусија. Александр Позњак потпиша договор со нашиот клуб и треба да претставува засилување за одбранбената линија на тимот.

Позњак (26) е искусен дефанзивец кој игра на стоперската позиција, но одлично се снаоѓа и како лев страничен играч. Доаѓа од белорускиот прволигаш Динамо Брест, а во кариерата настапувал и за Шахтјор Солигорск, Немам Гродно, Городеја. Тој е поранешен младински репрезентативец на Белорусија, а има еден настап и за сениорскиот национален тим.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Веруваме дека Александр Познак, со оглед на квалитетот и на искуството, брзо ќе се вклопи во тимот на Работнички и ќе го подигне нивото во одбранбената линија. Тој веднаш се приклучи на тимот, денеска имаше индивудуален тренинг, а веќе од утре ќе биде на располагање на тренерот Александар Влахо“, вели спортскиот директор, Горан Станковски.

Работнички трет ден се наоѓа на подготовки во Охрид, а в среда ќе одигра пријателски натпревар против Ренова на кој се очекува да дебитира и новото засилување од Белорус

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Судиите ова коло биле без грешка – и во ПМФЛ и во ВМФЛ!

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 32 коло на ПРВА МФЛ, и ги донесе следните…