Дома Македонски спорт Мак фудбал Работнички со две победи и еден пораз се враќа од Анталија

Работнички со две победи и еден пораз се враќа од Анталија

Тимот на Работнички ги комплетираше зимските подготовки во Анталија.

Тимот на Борче Христов одработи 12 дена во турскиот туристички центар, одигра три пријателски натпревари и денеска се враќа во Скопје, каде ќе следи глазура на формата пред почетокот на пролетниот дел од првенството.

Работнички на подготовките во Анталија ги победи украинскиот прволигаш Лвов (1-0) и рускиот второлигаш Факел (3-0), а загуби од полскиот прволигаш Краковија (0-1).

Последниот пријателски натпревар е закажан за в сабота (13 часот) против второлигашот Кожув во Гевгелија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Два гола од клупата: Сила го скрши Башкими и стигна до „десетка“

Н’фанли Сила со два погодока и асистенција ја предводеше победата на Тиквеш од 3-1 над Баш…