Работнички мисли на својата фудбалска иднина и секогаш вложува во сопствениот кадар од младинската академија. Најнов бисер од школата на клубот е Мартин Мисердовски кој потпиша професионален договор со Работнички.
„Работнички цврсто чекори по својот пат, да инвестира во сопствените млади таленти и да им нуди можност за промоција и просперитет. Потпишавме професионален договор со Мартин Мисердовски, кој веруваме дека ќе израсне во нов квалитетен фудбалер и во иднина не само што ќе го носи дресот на Работнички, туку и ќе изгради интернационална кариера“, вели спортскиот директор на клубот, Горан Станковски.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Мартин Мисердовски и вториот дел од оваа сезона ќе го одигра како позајмен играч во второлигашот Каменица Саса, а потоа треба да се врати во сениорскиот погон на Работнички.