Дома Македонски спорт Мак фудбал Работнички закажа контролки со Напредак Крушевац, Македонија ЃП, Тиквеш, Академија Пандев…

Работнички закажа контролки со Напредак Крушевац, Македонија ЃП, Тиквеш, Академија Пандев…

Работнички утре (17 часот) во Пехчево стартува со пријателските натпревари во текот на летните подготовки. Српскиот тим Напредак Крушевац ќе биде првиот ривал за избраниците на Александар Влахо, а потоа на секои три или четири дена ќе следува нов тест.

В сабота Работнички ќе одигра пријателски меч со Македонија ЃП во Ѓорче Петров, на 7 јули противник ќе биде Тиквеш, а три дена подоцна „романтичарите“ ќе тестираат против Академија Пандев.

На 16 јули Работнички ќе замине на подготовки во Охрид, каде засега се закажани три пријателски натпревари, против Ренова, Охрид и против албанскиот тим Игнатиа.

Фото: ФК Работнички

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Два гола од клупата: Сила го скрши Башкими и стигна до „десетка“

Н’фанли Сила со два погодока и асистенција ја предводеше победата на Тиквеш од 3-1 над Баш…