Младата ѕвезда на ПСЖ, Адриен Рабио уште еднаш ја одби понудата за потпишување нов договор и готово сигурно ќе го напушти „Паркот на принцовите“ на крајот на сезоната.
Договорот на Рабио истекува на крајот на сезоната, па тој може да потпише преддоговор со новиот клуб уште во јануари. Последните информации од Апенините говорат дека Милан и Јувентус се фаворити за неговиот потпис.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Двата италијански клуба се спремни да го донесат Рабио како слободен играч и да му понудат плата од 8 милиони евра по сезона.
Спортскиот директор на „росонерите“ Леонардо е во одлични односи со играчот и неговите агенти, па медиумите тврдат дека големи се шансите плејмејкерот од следната сезона да игра во Серија А.
Останува само да видиме во кој дрес…
Rabiot verso il no al Psg: Milan in corsa https://t.co/7evMJYKzYL pic.twitter.com/Py5nIsq1H5
— calciomercato.com (@cmdotcom) October 30, 2018