Криштоф Пјонтек во јануари го напушти Милан и се пресели во Херта, но би можел повторно да се врати во Серија А.
Пјонтек беше хит во Џенова и во првата полусезона во Милан, но после лошиот старт на новата сезона „росонерите“ го продадоа за 27 милиони евра.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Полскиот напаѓач не се снајде најдобро во Херта и е спремен повторно да се врати во Италија, а интерес за него покажува Фиорентина.
Клубот од Фиренца е спремен да понуди 20 милиони евра за 24-годишниот напаѓач и веќе започнал преговори со неговиот агент.
„Виолетовите“ сметаат дека Пјонтек имал само лош период во Милан и дека би можел повторно да ги тресе противничките мрежи.
Херта нема проблем да се раздели со напаѓачот, но за неговата слобода бара 24 милиони евра.