Дома Трансфер зона Пјаниќ, Погба, Икарди…Алегри ја спремил листата на засилувања

Пјаниќ, Погба, Икарди…Алегри ја спремил листата на засилувања

Масимилијано Алегри се врати на клупата на Јувентус после две години пауза.

Искусниот 53 годишен стратег доѓа на местото на Андреа Пирло кој на клупата помина една сезона и не ги исполни очекувањата на раководството, иако освои два трофеи (Суперкуп и Куп на Италија и избори место во топ 4).


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Главен услов на Алегри за да се врати во клубот бил тој да се прашува многу повеќе за трансферите. Тој сега ќе биде оној кој најмногу ќе влијае на доведувањето нови играчи.

Италијанските медиуми веќе пишуваат за неговите желби. „Кориере Дело Спорт“ ја пренесува листата на искусниот стратег.

Наводно, Алегри сака да го врати Пјаниќ. Барселона е спремна да го пушти 31 годишниот играч за врска, додека Јувентус разгледува можност да го доведе на позајмица. Покрај Пјаниќ на листата се нашол уште еден поранешен играч на Јувентус, Пол Погба.

Мауро Икарди се споменува како можно засилување во нападот, треба да се додаде дека Мората ќе остане во клубот.

Јувентус покажал интерес и за дефанзивецот Никола Миленковиќ од Фиорентина, а претходнот клубот од Торино се поврзуваше со Мануел Локатели и Џанлуиџи Донарума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан се засилува со плејмејкерот на Реал Мадрид

Милан е силно заинтересиран и започнал преговори со Реал Мадрид за плејмејкерот Дани Себаљ…