Фудбалерот на Челзи, Кристиан Пулишиќ веќе постигнал договор со Милан и ќе ги одбие сите останати понуди, пренесуваат италијанските медиуми.
24-годишниот Пулишиќ не е задоволен од својот статус во Челзи и малата минутажа која ја добива, а Покетино даде зелено светло за негова продажба.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Американецот влегува во последната година од договорот, па „сините“ се спремни да го пуштат за сума од 25 милиони евра.
Лион испратил понуда од 25 милиони евра која Челзи ја прифатил, но самиот Пулишиќ одбива да се пресели во Франција бидејќи сака трансфер во Милано.
„Росонерите“ се во напредни преговори со Челзи, но првата понуда изнесува 18 милиони евра, па „сините“ сакаат повеќе. Сепак, се очекува двата клуба да ја „испеглаат“ разликата со бонуси.
🚨 Pulisic will turn down Lyon this summer, preferring instead to move to Milan after agreeing to a deal in principle with the club. Lyon are also unable to meet Milan's wage offer. Milan intend to make an improved offer after seeing their opening bid of €15m turned down… pic.twitter.com/pQRe180caM
— Milan Eye (@MilanEye) July 3, 2023