Дома Останати Пулев немоќен против шампионот – Џошуа останува светски шампион!

Пулев немоќен против шампионот – Џошуа останува светски шампион!

Ентони Џошуа го победи вечерва во Лондон Кубрат Пулев со технички нокаут во деветтата рунда и ја одбрани титулата светски шампион во тешка категорија во верзиите ИБФ, ИБО, ВБА И ВБО.

Џошуа како голем фаворит влезе во мечот против бугарскиот боксер и не дозволи никакво изненадување. Борбата ја контролираше од самиот почеток, Пулев немаше договор на нападите на шампионот, а во третата рунда жестоко го нападна со серија удари.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Успеа Пулев да ја преживее таа трета рунда, но против шампионот изгледаше немоќно. Сепак, во наредните рунди се врати до некаде во живот, меѓутоа Џошуа без поголеми проблеми ги добиваше рундите и неговата бодовна предност само растеше. Повеќе од деветтата рунда Пулев не можеше. Два пати го испрати Пулев на подот, а од вториот бугарскиот боксер не се врати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…