Чудно, но ситуацијата е таква, некои клубови не сакаат да имаат работа со Раиола, некои пак сметаат дека нема да ги исполни очекувањата, поради тоа веројатно ситуацијата ќе станува се потешка.
Изгледа дека пишувањето за конфликтот помеѓу Мурињо и Погба не биле само медиумски шпекулации. Имено, Французинот заврши на клупата, а како што пишувавме вчера Раиола создава проблеми поради платата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа има и нешто друго, соиграчите се незадоволни со Погба. Наводно на полувремето против Хадерсфилд неколкумина фудбалери го обвиниле Французинот дека предолго ја задржува топката и ги успорува нападите.
Од друга страна, Погба останува на ставот дека не може да игра со Матиќ и дека многу подобро за него е да делува со тројца во средината каде што има повеќе слобода. Токму поради таквиот однос Мурињо го пресели на клупата за резерви.
Сега се поставува прашањето – дали после само две години може да дојде до заминување на Погба? Посебно поради тоа што Мурињо да заработи околу 50 милиони евра повеќе од она што го плати, поточно според англиските медиуми околу 150 милиони евра.
Но. има еден проблем – на кого?
Сигурно дека не би сакале да го продадат на ривал од Премиер лигата, од друга страна приказната за Реал е нереална бидејќи Перез на сите начини се обидува да ја избегне соработката со Раиола, а Барселона после Кутињо сигурно нема да плати толкава сума за нов играч.
Останива само Пари Сен Жермен, коефициентот за трансфер во овок клуб е најмал. Меѓутоа се споменува и враќање во Јувентус, но за таквите информации се верува дека се само медиумски шпекулации.
Јуве нема пари за такво засилување, а сигурно не би прифатиле размена за Дибала. Покрај тоа Погба би морал да се откаже од големите примања.
Значи опции, доколку проблемите продолжат практично и да нема, па поради тоа малку веројатно е дека ќе ги напушти „ѓаволите“.