Дома Останати Кошарка НБА Пукна „бомбата“ во НБА: Ирвинг ќе игра заедно со Дончиќ!

Пукна „бомбата“ во НБА: Ирвинг ќе игра заедно со Дончиќ!

Kaјри Ирвинг предизвика големо внимание со своето барање за трејд од Бруклин, а сега е познато и каде ќе ја продолжи кариерата една од најголемите ѕвезди во НБА во овој момент.

Адријан Војнаровски, новинарот на „ЕСПН“ кој секогаш важи за добро упатен со случувањата во најсилната кошаркарска лига објави дека Ирвинг ќе продолжи во Далас и ќе игра заедно со Лука Дончиќ.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Имало интерес и од Лејкерс, но на крајот Бруклин се договорил за трејд со Далас. За Ирвинг Бруклин ќе ги добие Спенсер Динвиди, Доријан Дини Смит и изборот на првата рунда на драфтот во 2029 година.

Бруклин секако не сакаше да остане без еден од своите најдобри кошаркари, но на крајот пресуди желбата на ѕвездата за прекин на соработката. Секако дека Далас со Ирвинг во составот драстично си ги зголемува шансите за повисок пласман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…