Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон официјално ќе стане играч на ПСЖ во следните 48 часа, пренесуваат италијанските медиуми.
Преговорите помеѓу ПСЖ и Буфон се во завршна фаза и останува да се договорат само последните детали. Желбата на „светците“ е да го претстават Италијанецот во вторник или среда, пред почетокот на Светското првенство.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Буфон ќе потпише договор на две години според кој ќе заработува 7 милиони евра по сезона. Исто така ќе добие уште две годишен договор како амбасадор на Светското првенство во Катар 2022 година.
40-годишниот Буфон од 2001 до 2008 година беше дел од Јувентус каде стекна легендарен статус.