Бразилските медиуми пренесуваат дека ПСЖ е одлучен во намерата да ја засили офанзивата и тоа со фудбалер од француското првенство.
Одличните настапи на Малком во дресот на Бордо ги забележаа и „светците“.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
20 годишниот Бразилец е далеку најдобриот фудбалер на Бордо, до овој момент тој постигна седум погодоци во првенство, а некои од нив беа навистиан евроголови.
Бордо минатото лето добра понуда за Малком од Шалке, тие сметаа дека во иднина ќе можат од него да заработат многу повеќе и не се излажаа.
Неодамна Малком го продолжи договорот до 2021 година, па поради тоа ПСЖ доколку навистина сакаат да го доведат ќе мора да издвојат голема сума.