Раководството на ПСЖ и понатаму не губи надеж дека ќе успее да најде споразум со Килијан Мбапе за продолжување на соработката.
Договорот на Мбапе со ПСЖ истекува на 30 јуни и голема е веројатноста ѕвездата да си замине на лето без обештетување. Голем интерес за него покажува Реал Мадрид и токму тој клуб се споменува како негова следна дестинација.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Меѓутоа, од ПСЖ продолжуваат да веруваат дека ќе го убедат Мбапе да потпише краткорочен договор. Семејството на фудбалерот во моментов преговара со клубот и сигналите се позитивни.
Според „ЕСПН“ Мбапе е отворен за можноста да потпише краткорочен договор во кој ќе има откупна клаузула и да остане извесно време во Париз.
Во исто време во Реал Мадрид не губат надеж дека ќе го доведат Мбапе, бидејќи веќе имаат договор со неговиот менаџер. Прашање е дали ќе го доведат како слободен агент или Мбапе ќе потпише договор па „кралевите“ ќе мора да платат обештетување.