Дома Трансфер зона ПСЖ тргнува по дефанзивецот на Јувентус

ПСЖ тргнува по дефанзивецот на Јувентус

Според пишувањето на францускиот „Паризиен“, ПСЖ е заинтересирана за доведување на бекот на Јувентус, Матиа Де Шиљо.

Парижаните имаат големи проблеми да состават одбрана поради бројните повреди, па Тухел сериозно размислува за доведе засилувања во зимскиот преоден рок.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Германецот даде зелено светло за Де Шиљо, Италијанецот кој пред две години пристигна од Милано не успеа да се вклопи во составот на Сари и постои можност да се пресели во Париз.

Јувентус за неговиот потпис своевремено плати 12 милиони евра, но сегашната вредност на Италијанецот е околу 20 милиони евра, сума која „светците“ нема да имаат проблем да ја платат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Фонсека во Милан ја носи ѕвездата на Лил

Еден од приоритетите на Милан во летиот преоден рок ќе биде засилување на одбраната, прене…