Дома Топ вести ПСЖ не запира: Најде замена за Кавани и формира „пеколно“ трио

ПСЖ не запира: Најде замена за Кавани и формира „пеколно“ трио

Пари Сент Жермен игра фантастично оваа сезона и е еден од главните фаворити за освојување на Лигата на шампиони.

Триото Мбапе – Кавани – Нејмар функционира одлично, но Уругваецот најверојатно ќе си замине од Париз на крајот на сезоната.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кавани сака да замени, најмногу поради лошите односи со Нејмар, а раководството на ПСЖ нема да му стои на патот. Имено, „светците“ веќе бараат негова замена, а „Марка“ тврди дека тоа би можел да биде Алваро Мората.

Со тоа ПСЖ сака да формира „пеколно“ трио кое ќе може заедно да игра во следните неколку години, Нејмар – Мората – Мбапе.

Сигурно дека Челзи нема лесно да се откаже од својата ѕвезда, но доколку Антонио Конте замине од „Стенфорд Бриџ“ тогаш и самиот Мората ќе побара трансфер.

Инаку, Мората неодамна изјави дека одлично се чувствува во Лондон, но дека тоа не е место каде што сака да живее подолго време.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал се вклучи во трката за Бруно Гимараеш

Реал Мадрид се вкучи во трката за потписот на плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш. 26-г…