Откако стана јасно дека преговорите меѓу Осман Дембеле и раководството на Барселона за нов договор пропаднаа, многу европски гиганти сакаат да ја искористат ситуацијата.
Иако неколку европски клубови се заинтересирани за Дембеле, сепак најконкретен е Пари Сент Жермен, кој започнал преговори со агентот на Французинот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Договорот на Дембеле со Барселона истекува на крајот на сезоната, па тој сега е слободен да преговара со заинтересираните клубови бидејќи е слободен агент на крајот на сезоната.
ПСЖ во Дембеле гледа идеална замена за Мбапе, кој ќе го напушти клубот на крајот на сезоната.
Наводно „светците“ се спремни да ги задоволат финансиските барања на Дембеле, односно 20 милиони евра нето по сезона и 20 милиони евра бонус при потпис на договорот.
Le PSG est entré en négociations avec l’agent d’Ousmane Dembélé. ❤️💙
— Actu Foot (@ActuFoot_) December 30, 2021
Paris considère qu’il peut être un très bon élément compte tenu de son talent, de sa jeunesse, du fait qu'il soit français et qu'il peut parfaitement s'intégrer dans le projet du club.
(@mundodeportivo) pic.twitter.com/5PIMpj5L9S