Дома Фудбал Останато ПСЖ го продаде Лукас бидејќи бил шпион!?

ПСЖ го продаде Лукас бидејќи бил шпион!?

ПСЖ пред пет години за 40 милиони евра го купи Лукас Моура како еден од најголемите таленти во светот, а пред неколку дена го продаде во Тотенхем за 28 милиони евра.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Моура и не остави така лош впечаток на „Паркот на принцовоте“ каде за 5 години постигна 40 гола и запиша 50 асистенции, но во последно време падна во сенка на Нејмар и Мбапе.

Француските медиуми откриваат дека Бразилецот не бил продаден само поради своите фудбалски квалитети, туку и човечки. Имено, откриено е дека Лукас Моура бил „кртица“ од соблекувалната на ПСЖ.

Веќе подолго време ПСЖ води „војна“ со домашните медиуми кои секогаш точно дознаваат што се случува во соблекувалната на „светците“, а на крајот раководството открило дека Лукас е шпион, и не само тој.

За истото се сомничи и Хатим бен Арфа кој е „пречкртан“ и воопшто не добива шанса за настап оваа сезона, но не сака да го напушти клубот бидејќи има богат договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

„Исфрлете го од СП“: Иранец среде Америка изведе прослава која предизвика невиден хаос (Видео)

Иран во Лос Анџелес одигра натпревар без победник (2:2) против Нов Зеланд во меч кој привл…