Дома Топ вести ПСЖ го искушува Мурињо, тој бара гаранции од Јунајтед

ПСЖ го искушува Мурињо, тој бара гаранции од Јунајтед

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо бара гаранции од раководството на „црвените ѓаволи“ дека клубот ќе биде активен на трансфер пазарот, пренесува „Манчестер Ивнинг Њуз“.

Португалецот е незадоволен бидејќи смета дека раководството не вложило доволно во тимот, иако Јунајтед во летниот преоден рок донесе засилувања во вредност од 150 милиони фунти.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мурињо во тимот ги сакаше уште и Перишиќ, Дајер и Бејл, нешто што спортскиот директор Ед Видфорд не го реализира, а како што пишува „Манчестер Ивнинг Њуз“, ниту за Гризман не била испратена конкретна понуда.

Мурињо сега бара од директорот Ед Видфорд да му гарантира дека следното лето клубот нема да има финансиски задршки и ќе му ги исполни сите трансфер желби.

Во исто време весникот тврди дека раководството на ПСЖ веќе направило контакт со неговиот менаџер Жорге Мендеш и сака да го донесе „Специјалниот“ во Париз. Тој неодамна во едно интервју кажа многу убави зборови за ПСЖ и истакна дека „во моментов Париз е специјално место“.

Договорот на Мурињо со Манчестер Јунајтед истекува во 2019 година, но преговорите за продолжување на истиот моментално се во застој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал се вклучи во трката за Бруно Гимараеш

Реал Мадрид се вкучи во трката за потписот на плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш. 26-г…