Дома Фудбал Останато ПСЖ вчера го доживеа најтешкиот пораз во последните 19 години (ВИДЕО)

ПСЖ вчера го доживеа најтешкиот пораз во последните 19 години (ВИДЕО)

Тимот на Лил вчера на домашен терен го победи Пари Сен Жермен во рамките од француското првенство и така го остави без прослава на титулата барем вечерва.

На ПСЖ му беше потребен само еден бод и официјално да стане шампион на шест кола пред крајот бидејќи ќе имаше 20 бода предност пред второпласираниот Лил, но на крајот не успеа да го освои.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Лил славеше убедлива победа, а многу им помогна црвениот картон кој во 36-тата минута го заработи Бернат. Да започнеме по ред.
Прво домаќините стигнаа во водство в о 7-та минута со автоголот на Муниер, за гостите преку Бернат да изедначат четири минути подоцна.

Потоа се случи и тој црвен картон за ПСЖ кој промени многу во овој натпревар бидејќи во второто полувреме се случи вистински хаос пред голот на ПСЖ.

Се редеа шанси, но паѓаа и голови. Прво Пепе во 51-та погоди за 2:1, за потоа во 65-тата Бамба зголеми на 3:1. До крајот на натпреварот Габриел и Фонте ја запечатија судбината на гостите и им го нанесоа најтешкиот пораз во последните 19 години. Последен пат ПСЖ во Лига 1 пет голови примил од Седан во декември 2000 година, тогаш беа поразени исто така со 5:1.

Предноста на ПСЖ во однос на Лил сега изнесува 17 бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Фонсека незадоволен од тимот: Ако треба и младинците ќе играат

Милан со многу среќа ја совлада Црвена Звезда и дојде до добра позиција кога е во прашање …