Поранешната голема надеж на Арсенал и англискиот фудбал, Џек Вилшер изгледа кариерата ќе ја продолжи во Чемпионшип.
Вилшер без клуб е уште од октомври кога го раскина договорот со Вест Хем. Во овие моменти тој тренира со екипата на Бурнемоут. За овој клуб Вилшер играше во сезоната 2016/2017 како позајмен играч од Арснеал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во таа сезона одигра 27 натпревари во сите натпреварувања. Англичаните шпекулираат дека сега Вилшер би можел да се врати и да потпише повеќе годишен договор.
Сепак, од клубот засега објавија само дека Вилшер тренира со нив, ќе видиме што ќе биде понатаму.
Good to see you, Jack 👋 @JackWilshere is currently training with us to maintain fitness levels while without a club.
— AFC Bournemouth 🍒 (@afcbournemouth) December 29, 2020