Дома Трансфер зона Провокација од Париз до Барса: Никогаш не би понудиле 200 милиони евра на клуб кој е пред банкрот

Провокација од Париз до Барса: Никогаш не би понудиле 200 милиони евра на клуб кој е пред банкрот

Пред неколку дена првиот човек на Барселона, Жоан Лапорта изјави дека клубот одбил понуда вредна 200 милиони евра за услугите на 16-годишниот Ламин Јамал (ТУКА).

Лапорта не откри од кој клуб била понудата, меѓутоа веднаш шпекулираа дека во прашање е Пари Сен Жермен кој во минатото и плата на Барселона 222 милиони евра за услугите на Нејмар.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Сепак, денеска во медиуните се појави информација каков бил одговорот од Париз на ваквите најави.

„Не сме толку луди, никогаш не би понудиле 200 милиони евра на клуб кој е пред банкрот“, порачале од Париз.

„Нашиот одговор за Јамал е не. Сите негови и наши амбиции се поврзани со Барселона. Иако медиумите пишуваат дека сме во лоша финансиска состојба, немаме притисок да продаваме играчи. Ние сме во фаза на финансиска стабилизација и ја гледаме светлината на крајот од тунелот. Повеќе нема да купуваме суперѕвезди, туку само играчи кои можат да се вклопат во нашиот стил на игра“, гласеше изјавата на Лапорта во таа ситуација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед му нуди трампа на ПСЖ

Манчестер Јунајтед го стави на продажба Маркус Рашфорд и сакаат да се ослободат од него во…