Дома Фудбал Светско првенство во фудбал „Провокациите на теренот се стилот на игра на Аргентина“

„Провокациите на теренот се стилот на игра на Аргентина“

Поранешниот хрватски фудбалер Роберт Јарни пред полуфиналето вечерва изјави дека аргентинските играчи сакаат да провоцираат и да играат грубо и се надева дека хрватските фудбалери нема да „паднат во таа замка“.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


„Она што можам да го кажам за Аргентина е дека сакаат да провоцираат. Ги провоцираат противничките играчи за да реагираат и да бидат исклучени.

Во нивната земја играа таков фудбал со многу груби удари, едноставно тоа е нивниот стил. Нашиот е различен, па се надевам дека нема да паднеме во нивната замка“, изјави Јарни за шпански „АС“, пренесе денеска Хина.

Хрватска и Аргентина вечерва на стадионот „Лусаил“ ќе го одиграат првото полуфинале на Светското првенство. Во второто полуфинале во среда се среќаваат Франција и Мароко.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Како сето ова успеал да го внесе на стадионот? Виралниот навивач на Атлетико пак правеше сендвичи (Видео)

Среде натпреварот помеѓу Атлетико Мадрид и Арсенал (1:1), фокусот на гледачките очи го при…