Иако Џанлуиџи Донарума влезе во последните месеци од договорот со Милан, се уште нема позитивни вести за навивачите за продолжување истиот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Медиумите пишуваат дека Донарума чека да заврши и последното коло од Серија А за да се знае дали Милан ќе игра во Лигата на шампиони наредната сезона што е негов услов. Освен тоа, постојат и други несогласувања.
Милан на Донарума му нуди плата од осум милиони евра, а Раиола бара 10 и тоа е сума која на Донарума му ја нудат заинтересираните клубови. Еден од нив е големиот ривал на Милан, Јувентус.
Денешното издание на „Газета“ пишува дека проблем е и провозијата. Раиола наводно побарал 20 милиони евра, а наводно би се согласил и на 15, но и тоа е сума која на Милан не му одговара.