Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Проблем за Тите: Бразил против Србија без еден од најдобрите од последниот натпревар!

Проблем за Тите: Бразил против Србија без еден од најдобрите од последниот натпревар!

Селекцијата на Бразил за последниот натпревар од групната фаза не ќе може да смета на еден од најдобрите играчи во натпреварот против Костарика.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Докторот на репрезентацијата на Бразил денес на конференцијата за медиуми потврди дека фудбалерот на Јувентус, Даглас Коста нема да настапи на последниот натпревар против Србија поради повреда.

Далеку од тоа дека Бразил нема адекватна замена, но против Костарика играта на „Кариоките“ значително беше подобрена токму со неговото влегување во игра на местото на Вилијан.

Од друга страна пак за Србите кои сигурно нема да се предадат пред време ова е одлична вест бидејќи во тој натпревар на „Орлите“ им е потребна само победа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Ливерпул понуди 100 милиони евра за Диоманде

Ливерпул се активираше во потрагата по сензацијата на РБ Лајпциг, Јан Диоманде, објавува н…