Дома Фудбал Проблем за Сити, Де Брујн позитивен на Ковид

Проблем за Сити, Де Брујн позитивен на Ковид

Плејмејкерот на Манчестер Сити, Кевин де Брујн даде позитивен тест на коронавирус, потврди менаџерот Пеп Гвардиола.

Тоа се случило откако Белгиецот се вратил во клубот после репрезентативните обврски. Де Брујн веднаш е ставен во изолација каде ќе биде најмалку 10 дена.

Тоа значи дека Де Брујн сигурно ќе ги пропушти дуелите со Евертон и Вест Хем во Премиер лигата, како и дуелот со ПСЖ во Лигата на шампиони.

„Кевин е позитивен на Ковид и сега е важно да се опорави. Треба да бидеме внимателни. Тој е вакциниран, па се надеваме дека ќе биде се во ред“, изјави Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Исејни избра 21 фудбалер: Македонија во Трабзон ќе брка место во Лига А

Македонската селекција до 17 години ги почнува квалификациите на 11 ноември против Унгариј…