Дома Фудбал Италија Проблем за Пиоли: Милан остана без најдобриот играч

Проблем за Пиоли: Милан остана без најдобриот играч

Најдобриот фудбалер на Милан, Рафаел Леао поради повреда ќе паузира најмалку три недели, потврди италијанскиот клуб.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Леао се повреди на последниот првенствен натпревар на Милан против Лече во кој „росонерите“ испуштија водство од 2:0 и одиграа 2:2, а на крајот на домаќините им беше поништен и гол за победа.

Леао натпреварот го напушти по само десет минути игра и сега за него ќе следи рехабилитација од најмалку три недели. Ова значи дека Милан без него ќе биде во клучниот натпревар во групата Ф во Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд на 28. ноември.

На Милан му е потреба победа за да го престигне германскиот тим на табелата со што би бил во добра позиција за место во омсинафиналето во последното коло. Борусија е лидер во групата со седум бодови, ПСЖ има шест, Милан пет, а последен е Њукасл со четири.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Селекторот заплака пред камери поради капитенот на Јапонија: Чувствувам голема вина – му нанесов болка!

Јапонија одлично го отвори Светското првенство, играјќи нерешено 2:2 против фаворизираната…