Дома Фудбал Останато Проблем за ветеранот: Мирко Вучиниќ мора на суд!

Проблем за ветеранот: Мирко Вучиниќ мора на суд!

Црногорскиот ветеран Мирко Вучиниќ кој своето фудбалско име го изгради во Италија ќе мора да седне на обвинителска клупа.

Вучиниќ е обвинет за затајување данок за сума од 5.8 милиони евра и против него е поднесена тужба од страна на италијанските власти.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Поради целиот случај на Вучиниќ му запленет целиот имот во кој има вила во Рима, две куќи во лече и неколку автомобили. Адвокатот на Црногорецот најави дека ќе се жали на одлуката.

Адвокатот тврди дека Вучиниќ во изминатиот период настапувал во ОАЕ за тимот на Ал-Џезеира и поради тоа не е обврзан да плаќа данок на Италија.

Каков епилог ќе има ќе покаже крајот на судењето, но Вучиниќ ќе мора да се појави пред судот кон крајот на март.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Атлетико и Интер спремаат трампа

Атлетико Мадрид покажува силен интерес за играчот од средниот ред на Интер, Давиде Фратези…