Дома Фудбал Проблем за Анчелоти: Французинот во „аут“ два месеци

Проблем за Анчелоти: Французинот во „аут“ два месеци

Левиот бек на Реал Мадрид, Ферланд Менди заработи повреда поради која ќе мора да паузира два месеци.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Веста на својот официјален сајт ја потврдија и „кралевите“, а Менди така ќе го пропушти клучниот дел од сезоната. Реал Мадрид во наредните два месеци ќе одигра дури 15 натпревари во четири натпреварувања – клупско СП, Ла Лига, Лига на шампиони и шпански куп.

Французинот е единствен лев бек, Давид Алаба Анчелоти го користи како стопер, меѓутоа сега извесно е дека Австриецот ќе мора да оди крај аут линијата.

Рудигер и Милитао ќе бидат во срцето на одбраната како стопер, а Начо останува во ротација кој може да игра како лев и десен бек.

Добра вест за Анчелоти е што од повреда се опоравија Дани Карвхал и Орлиен Чуамени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Погледнете како изгледа табелата на третопласираните репрезентации, ќе гледаме лудо трето коло!

Иако е рано за дефинитивни заклучоци, вистинската драма ќе се одигра во последното коло. С…