Бразилецот Нејмар би можел да се најде во проблеми поради обвинувањата за измама и корупција околу неговиот трансфер од Сантос во Барселона во 2013 година.
Во целиот судски процес кој започнува во понеделник покрај Нејмар обвинети се поранешните претседатели на Барселона, Хозеп Марија Бартомеу и Сандро Росел, поранешиот претседател на Сантос Одилио Родригес.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Случајот произлезе од бразилската компанија „ДИС“ која поседуваше 40% од правата на Нејмар додека тој беше во Сантос. Тврдењата се дека продажбата на Нејмар во Барселона била далеку под неговата пазарна вредност.
„Правата на Нејмар не беа продадени на оној што ќе понуди најмногу. Имаше клубови кои нудеа и 60 милиони евра“, изјави адвокатот на „ДИС“, Пауло Насер.
Според официјалните објави трансферот на Нејмар изнесувал 57.1 милиони евра. 40 биле исплатени на семејството на Нејмар, додека „ДИС“ доби 40% од исплатените 17.1 милиони на Сантос.
Сега оваа компанија бара затворски казни и до пет години за сите како и парична казна од 195 милиони евра.