Дома Фудбал Проблеми за Барса: Умтити закрепнува побавно од предвиденото!

Проблеми за Барса: Умтити закрепнува побавно од предвиденото!

Дефанзивецот на Барселона, Самуел Умтити се опоравува многу побавно од очекувањата, пренесуваат шпанските медиуми.

Умтити е надвор од терените веќе еден месец поради проблеми со коленото. Очекувањата беа да ги обнови тренинзите оваа недела, но последните информации се дека се уште нема напредок во лечењето.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Барселона одлучи Французинот да се лекува со конзервативна метода и во клубот се уште се надеваат дека нема да му биде потребна операција. Поради тоа лекарите многу внимаваат да не избрзаат со неговото враќање на терените.

Отсуството на Умтити го загрижува тренерот Валверде кој во моментов располага само со дватца дефанзивци, Пике и Ленгле, додека Вермален е исто така повреден.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неверојатниот Баерн Минхен изедначи рекорд на Милан од 1992 година

Баерн ја победи Борусија Менхенгладбах со 0:3 на гостувањето во осмото коло на Бундеслигат…