Дома Фудбал Проблеми за Анчелоти пред „Ел Класико“: Повреден е и Бензема

Проблеми за Анчелоти пред „Ел Класико“: Повреден е и Бензема

Лидерот во шпанскиот шампионат Реал Мадрид во следното коло ќе ја пречека Барселона, а мечот е закажан за 20 март од 21 часот на „Сантијаго Бернабеу“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Кралевите“ се во победничка серија, исто како и каталонскиот гигант, па нè очекува возбудлив фудбал, но проблем за тренерот Карло Анчелоти е тоа што има неколку повредени фудбалери.

Анчелоти не може да смета на мечот против Барселона на Родриго, Ферланд Менди и Едер Милитао, а дополнителна главоболка е повредата на Бензема.

Доколку Бензема не се врати за мечот против Барселона, тогаш тоа би бил голем проблем за Анчелоти бидејќи францускиот напаѓач игра во одлична форма во последниот период.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Секој главен судија на Светското првенство ќе си оди со повеќе од 100 000 долари

Екипите кои ќе бидат елиминирани уште во групната фаза на Светското првенство во фудбал ќе…