Почнаа да се појавуваат проблеми поради ситуацијата со коронавирусот во светот за селекторот Игор Ангеловски.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Денес порано пристигна веста дека поради забраната од страна на клубовите од Лига 1 и Лига 2 на своите играчи да патуваат во странство Влатко Стојановски не ќе може да пристигне на репрезентативниот собир. Стојановски како што е познато е член на второлигашот во Франција, Шабли.
Сега пристигнува вест и дека Ѓоко Зајков е позитивен на коронавирус. Ковид-19 го зафати тимот на Шарлоа и се појавиле нови заболени, Зајков бил ден од играчите кој добил позитивен тест.
Зајков стандардно добива повик од селекторот Игор Ангеловски во последните години, а доби шанса и на натпреварот против Грузија во завршницата.