Жозе Мурињо мора да се избори со недисциплината на своите фудбалери.
Непрофесионалноста би можел Манчестер Јунајтед скапо да ја плати оваа сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мурињо има големи проблеми со своите фудбалери, Пол Погба е само еден од нив, но се верува дека тој најмногу се истакнува.
Погба оваа сезона пропушти неколку тренинзи, прашање е каде бил и што правел, а медиумите во Англија пишуваат дека и во една прилика не се ни јавувал на телефонот.
Наводно старите членови на Манчестер Јунајтед, како Керик или Ешли Јанг се разочарани од младите фудбалери помеѓу кои спаѓа и Погба.
„Специјалниот“ веќе неколку пати оваа сезона зборуваше за тоа, но не споменуваше имиња.
„За некои од нас ова ќе биде само уште еден обичен ден на работа, а за други ќе биде ден коој ќе посакаат да не се појават на работа“, изјави Мурињо.
Не се обрати директно кон Погба, но во Англија сметаат дека оваа негова изјава најмногу се однесува на Французинот.