Дома Фудбал Пријателот на Роналдо ја негира информацијата за Ал Наср

Пријателот на Роналдо ја негира информацијата за Ал Наср

Англискот новинар и човек од доверба на Кристиано Роналдо, Пирс Морган ја коментираше веста дека Португалецот од 1 јануари ќе биде играч на Ал Наср.

„Марка“ денес ја објави веста дека Роналдо ја прифатил понудата од Саудиска Арабија каде ќе заработува неверојатни 200 милиони евра по сезона.

Многу трансфер експерти потврдија дека вистина има официјална понуда од Ал Наср за Роналдо, но Морган негира дека Португалецот има ставено потпис на договорот.

Роналдо сега е фокусиран на Светското првенство, а по завршувањето најверојатно ќе стави потпис на договорот и ќе стане најплатениот фудбалер на сите времиња.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тотенхем пред црна серија каква што не памети, Де Зерби бара одговор кај Челси

Само една победа на последните 36 лигашки гостувања на „Стемфорд бриџ“ и шест порази по ре…