Дома Трансфер зона Приказната на новото засилување – од продавач на печурки до играч на Атлетико Мадрид!

Приказната на новото засилување – од продавач на печурки до играч на Атлетико Мадрид!

Aтлетико Мадрид денес го официјализираше новото засилување.

Фудбалерот кој има 30 години и кој во Атлетико доаѓа од Порто за 20 милиони евра, Фелипе е новото засилување на Атлетико Мадрид.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Овој 30 годишен фудбалер треба да го замени Диего Годин кој си заминува од Атлетико и оди во редовите на Интер, па позицијата стопер ќе биде пополнета и наредната сезона.

Она што шпанските медиуми објавија откако Атлетико го претстави новото засилување е неговата интересна приказна.

Имено, овој фудбалер играше аматерски фудбал се до 22 години, а интересно е дека до тогаш продавал печурки во локалните ресторани во Сао Паоло.

Брагантино е клубот кој го забележа и кој го доведе откако гледал видео од неговите настапи, а после феномаеналната сезона го привлекол вниманието на сегашниот селектор на Бразил, Тите кој тогаш го предводеше Коринтијас. Тите го доведе во Коринтијас каде што овој играч доби прилика да игра фудбал на високо ниво и истата одлично ја искористи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид го враќа Тео Хернандес

Реал Мадрид сака на лето да го врати во своите редови левиот бек на Милан, Тео Хернандес, …