Дома Видео Претставување какво што не се памети: Шеикот го отвори куферот, Бензема воздивна, а 62.000 завршија во чудо

Претставување какво што не се памети: Шеикот го отвори куферот, Бензема воздивна, а 62.000 завршија во чудо

Карим Бензема беше претставен на спектакуларен начин во Саудиска Арабија, што на сите во Мајами им даде тешка задача да го повторат истиот спектакл при претставувањето на Лео Меси.

Последните двајца добитници на Златна топка најдоа нови клубови во рок од неколку дена еден од друг.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Карим Бензема кариерата ќе ја продолжи во Ал Итихад, додека Лео Меси ќе премине во Интер Мајами.

Бензема вечерва беше претставен на стадионот „Крал Абдула“ пред 62.000 гледачи и може да се каже дека вакво претставување одамна не е видено.

Нема сомнеж дека Французинот целосно го засени Кристијано Роналдо и неговото доаѓање во Ал Наср пред неколку месеци, барем кога е во прашање претставувањето.

Врвот на вечерта беше кога организаторите на сцената донесоа ковчег во кој се наоѓаше она за што сонува секој фудбалер, а ретко кој има можност да го добие.

Кога шеикот го отвори куферот, самиот Бензема воздивна кога ја виде Златната топка, која ја прими, а потоа ја крена во воздух.

Гледајќи во минатото, ова е уникатен случај фудбалер да ја покаже најпрестижната индивидуална награда во фудбалот на нова публика за време на презентацијата.

Се надевам дека ќе направиме големи работи, ќе го доведеме тимот на високо ниво, изјави Французинот пред да го подигне трофејот.

“Го избрав Ал Итихад бидејќи тие се добар тим. Имаат неверојатни навивачи. Ќе направам се што можам на теренот за да го доведам клубот на највисоко ниво”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Борусија продолжува да лансира млади фудбалери: Потпиша договор со тинејџер кој ги помина скоро сите младински категории

Eкипата на Борусија Дортмунд продолжува како и во минатото продолжува да им дава шанса на …