Дома Останати Можен проблем: Потврден случај на коронавирус во олимпиското село!

Можен проблем: Потврден случај на коронавирус во олимпиското село!

Денес организаторот на ЛОИ во Токио објави информација дека е потврден првиот случај на заразен со Ковид-19 во олимпиското село.

ЛОИ ќе се одржат од 23. јули до 8. август во Токио откако беа одложени за една година поради пандемијата со коронавирусот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Потврден е случај на коронавирус во олимпиското село. Тој е првиот регистриран случај при доаѓањето. Во овие моменти правиме се за да го спречиме ширењето. Доколку дојде до поголем број позитивни случаи, имаме спремено план“, изјави претседателката на организацискиот комитет на Игрите, Сеико Хашимото.

Македонија во Токио има осум претставници: Миа Блажевска- Еминова (пливање), Борјан Бранковски (спортско стрелаштво 10 м. воздушен пиштол), Дејан Георгиевски (таеквондо), Филип Деркоски (пливање), Пулексенија Јованоска (карате), Магомедгаџи Нуров (борење слободен стил), Арбреша Реџепи (џудо) и Јован Стојоски (атлетика).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Големи пофалби за Дончиќ: Ќе биде помеѓу најдобрите тројца кошаркари во историјата

Првиот човек на Далас, Марк Кјубан е убеден дека Лука Дончиќ е најдобриот кошаркар кој игр…