Дома Фудбал Останато Претепаниот судија во Турција нема да суди никогаш повеќе

Претепаниот судија во Турција нема да суди никогаш повеќе

Вчера фудбалскиот свет беше шокиран од скандалот во турската Суперлига каде што судијата Умут Мелер по последниот судиски свиреж беше брутално претепан од претседателот на Анкарагучу Фарук Коча.

По завршувањето на средбата помеѓу Анкарагучи и Ризеспор (1:1) Коча влезе на теренот и прво со бокс го удри Мелер, а потоа додека лежеше на тревникот го удираше со клоци.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претепаниот судија кој заврши со голема модринка на лицето и на кого му се укажуваше помош во болница најавил дека ова е негов последен натпревар.

„Толку, ова е се од мене, тука е крајот“, изјавил Мелер.

Инаку, Фудбалската федерација на Турција го прекина фудбалот во Турција и првенството е суспендирано на неопределено време.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Може да игра финале во Лигата на шампионите, а изгледа како – аматер! 📸

Борусија Дортмунд ја очекува финалето во Лигата на шампионите каде што ќе игра против Реал…