Дома Фудбал Останато Пресврт: УЕФА и ФИФА сега можат да ги казнуваат суперлигашите!

Пресврт: УЕФА и ФИФА сега можат да ги казнуваат суперлигашите!

Шпанскиот суд ја укина мерката која ги штитеше клубовите кои сакаа да ја осоноваат елитната Суперлига од казнување од страна на УЕФА и ФИФА.

Во судските документи денес беше соопштено дека судот во Мадрид ја укинува заштитата и клубовите ќе можат да бидат казнети, но тоа нема да ги спречува во нивниот план да ја формираат Суперлигата.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Минатиот април 12 клубови се обидоа да формираат Суперлига, но тој план пропадна за 48 часа бидејќи повеќето клубови набрзо се откажаа, меѓутоа главните основачи Реал Мадрид, Барселона и Јувентус останаа на истиот став.

„На ниту еден начин е покажано дека заканите од казни би ги довела во ситуацијата клубовите да не можат да го реализираат проектот“, најави судијата Софија Хил.

Претходно одлуката на судот беше ФИФА и УЕФА да се воздржат од било какви преземања на мерки или било какви изјави кои директно или индиректно ќе ја попрачуваат припремата за европската Суперлига“.

Таквата одлука тогаш беше донесена после заканите дека може да им биде забрането учество во Лигата на шампионите. Сега УЕФА со најновата одлука има право такво нешто да направи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…