Веќе подолго време медиумите најавуваа дека Луис Муриел во јануари ќе го засили тимот на Милан, но на крајот се случи голем пресврт.
Имено, напаѓачот на Севиља ќе се врати во Серија А, но не во дресот на Милан, туку ќе потпише за Фиоренатина.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Севиља сака да соработува со Милан, зашто двата клуба се во одлични односи, но Муриел веќе се договорил со Фиорентина.
„Виолетовите“ во меѓувреме ја израмниле понудата на „росонерите“, позајмица со право на откуп за 13,5 милиони евра, па се очекува Колумбиецот во следните денови да пристигне на прегледи во Фиренца.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан ќе се насочи кон друг напаѓач и веќе спрема понуда за Де Паул од Удинезе.