Дома Останати Тенис Пресврт каков што не се памети во македонскиот тенис: Калин на чудесен начин стигна до четвртфинале во Франција!

Пресврт каков што не се памети во македонскиот тенис: Калин на чудесен начин стигна до четвртфинале во Франција!

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски го продолжи патот на турнирот во Кретеј, Франција откако денес беше подобар од Естонецот, Данил Глика.

Естонскиот претставник беше на чекор од победата во денешниот меч, но Ивановски режираше пресврт каков што подолго време не се памети во македонскиот тенис.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


На семафорот стоеше 3:6 и 1:5 во корист на Глинка и изгледаше дека Естонецот ќе го елиминира македонскиот тенисер, сепак Ивановски не се предаде и режираше чудесен пресврт. Од тие 1:5 за Глинка освои четири гема во низа и изедначи на 5:5 со што обезбеди тај брејк.

Веднаш во решавачкиот сет направи брејк и поведе со 3:0, до крајот продолжи сигурната игра и го доби сетот со убедливи 6:1. Во овој трет сет можеше да се забележи и психолошкиот пад кај естонскиот тенисер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Синер во Мадрид може да постави неверојатен рекорд во светскиот тенис каков што нема никој друг!

Фантастичниот Јаник Синер, кој е прв на светската тениска ранг-листа, има можност да стане…