Давид Алаба одлучи да ги одбие сите понуди од Баерн и на лето ќе го напушти Минхен како слободен играч.
Баварскиот гигант испрати неколку понуди, но откако Алаба и неговиот агент Пини Захави ги одбија понудите Баерн се повлече од преговорите.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Пред неколку дена се појави информација од „Марка“ дека Алаба постигнал договор со Реал Мадрид, но сега се пишува нешто спротивно. Наводно, барањата на Алаба од 12 милиони евра (после данок), плус бонуси биле преголеми за Реал.
„Ел Чирингуито“ тврди дека Реал Мадрид нема да му даде таква понуда на Алаба и тешко дека некој друг клуб ќе му ги исполни тие барања.
Со ова Алаба се најде во незгодна ситуација. Неговата желба беше трансфер во Реал, меѓутоа сега тој се доведува во прашање. Австриецот се поврзува уште со Ливерпул, ПСЖ и Манчестер Сити, а ќе видиме дали овие клубови ќе му понудат услови какви што бара.