Дома Топ вести Преодниот рок во живо: Лукаку на чекор до Јунајтед, Ливерпул за 75 милиони евра ја носи ѕвездата од Бундеслигата

Преодниот рок во живо: Лукаку на чекор до Јунајтед, Ливерпул за 75 милиони евра ја носи ѕвездата од Бундеслигата

Најголемата приказна на вчерашниот ден, секако, е доаѓањето на Лаказет во Арсенал. Венгер одличниот напаѓач од Лион го плати 60 милиони евра, со што го сруши клупскиот рекорд кој досега го држеше трансферот на Месут Озил за 48 милиони евра.

Реал го купи Тео Ернандез од Атлетико, Фабио Коентрао замина на позајмица во Спортинг, а уште чекаме официјално претставување на Антонио Рудигер во Челзи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Санчез бара 22 милиони фунти за да остане во Арсенал

Иако е практично со недели е на излезната врата од клубот, Алексис Санчез би останал на Емирати под еден услов. Чилеанецот, кој минатата сезона беше најдобар играч на Арсенал, бара нов договор според кој би заработувал 450.000 фунти неделно, односно 22 фунти милиони по сезона.

Лукаку го одби Челзи, оди во Јунајтед за 115 милиони евра?

Според пишувањата на Daily Mail, ѕвездата на Евертон, Ромел Лукаку (24) е на чекор од договор со Манчестер Јунајтед. Белгиецот, наводно, ја одбил понудата од Челзи и овие денови би требало да се договори со Јунајтед. Клубот од Олд Трафорд со тоа, второ лето по ред, би го рушел светскиот трансфер рекорд, откако минатата година го доведе Пол Погба за 105 милиони евра. Лукаку би требало да ги чини вртоглави 115 милиони евра.

Ливерпул во лов на Кеита

Еден од најатрактивните играчи во Бундеслигата би можел наскоро да се пресели на Енфилд. Како што пренесуваат англиските медиуми, Јирген Клоп е многу заинтересиран за играчот за врска од Лајпциг, Наби Кеита (22), кој исто така апсолутно нема ништо против да се пресели на Островот. Но, „Редсите“ за одличниот репрезентативец на Гвинеја ќе мора да „истресат“ околу 75 милиони евра.

Кеита минатата сезона беше оценет како петти најдобра играч во лигата, зад Тиаго Алкантар, Арјен Робен, Емил Форсберг и Роберт Левандовски. На 32 настапи за Лајпциг, каде дојде од Салцбург, Кеита постигна осум гола и имаше осум асистенции.

Милан го договори седмото засилување
Како што пренесуваат медиумите во Италија, Милан постигна договор со Аталанта за десниот бек Андреа Конти. Италијанскиот репрезентативец денес треба да пристигне во Милано на медицински прегледи, а потоа и официјално да стане играч на Милан. „Росонерите“ за него ќе платат 24 милиони евра.

Јувентус блиску до ангажман на Бернардески
Како што пренесуваат италијанските медиуми раководството на „старата дама“ острварило официјален контакт со Фиорентина за трансферот на Бернардески. Играчот одби да го продолжи договорот со „виолетовите“ и веќе се договори со Јувентус. Две страни се блиску до договор, а понудата на италијанскиот шампион е 40 милиони евра плус 5 милиони како бонуси.

Конте тргнува по Белоти
Челзи ја загуби бирката за Ромелу Лукаку, па Конте ќе се насочи кон други цели во нападот. Најголема желба во моментов е Белоти од Торино кој има откупна клаузула од 100 милиони евра, но „сините“ ќе се обидат да го донесат за 80 милиони евра.

Марсеј преговара за Бака
Милан јасно стави до знаење дека нема да смета следната сезона на Карлос Бака. Италијанските медиуми пренесуваат дека Марсеј започнал преговори со „росонерите“ за Колумбиецот. Италијанскиот клуб бара 25 милиони евра за неговата слобода, но трансферот би можел да биде договорен за 20 милиони евра.

Ново засилување за Интер
Миланскиот гигант Интер денес потврди дека за 1.750.000 евра денес го купи 18 годишниот фудбалер Заниоло од Виртус Ентела.

Кинезите ја одбија Барселона
Шпанските медиуми пренесуваат дека кинескиот клуб Гвангжу ја одбил понудата на Барселона за Паулињо. Каталонците понудиле 20 милиони евра, но кинескиот клуб експресно ја одбил понудата.

Зенит сака играч на Интер
Рускиот клуб Зенит потврди дека се заинтересирани за играчот на Интер, Џеферсон Муриљо. Откако пропадна трансферот на Манолас, рускиот клуб предводен од Манчини се насочи кон дефанзивецот на „нероаѕурите“.

Борха Валеро пред трансфер во Интер
Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер и Фиорентина се блиску до договор за траснфер на Борха Валеро. 32-годишниот играч за врска беше голема желба на тренерот Спалети, а „нероаѕурите“ за Шпанецот ќе платат помеѓу 5 и 7 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Гвардиола не се опушта: Тоа што му се случи на Ливерпул, може да ни се случи и нас

По убедливата победа на Манчестер Сити над Брајтон тимот на Пеп Гвардиола е уште еден чеко…