Арсенал не се откажува од намерата да го донесе Душан Влаховиќ и спремил нова понуда за ѕвездата на Фиорентина.
„Газета дело Спорт“ пренесува дека „топџиите“ се спремни да понудат 85 милиони евра за 21-годишниот напаѓач.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Влаховиќ моментално е прв стрелец во Серија А, но јасно е дека ќе ја напушти Фиорентина откако одби да го продолжи договорот.
За него интерес покажуваат многу европски гиганти, но Арсенал сака да ја победи конкуренцијата.
Фиорентина е спремна да ја прифати понудата, но прашање е дали Влаховиќ ќе се согласи на трансфер на „Емирати“, бидејќи преферира да остане во Серија А.